Шкендија вечерва од 21 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина ќе го одигра својот четврти меч во лигашката фаза во Лигата на Конференции. Нашиот шампион вечерва му гостува на составот на Дрита, најдобриот косовски тим предводен од Зекирија Рамадани, а како играчи тука се Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји.
Јасно е дека ова е шансата за избраниците на стратегот Јетон Беќири да испишат уште едно историски поглавје оваа сезона во Европа. Ова ќе биде второ гостување, по она кај Рајо Ваљекано, и прво на кое би дошле до гостинска победа.
Дури сега се гледа што значат или ќе значат тие два бода со Јагиелонија од минатиот меч во Скопје, кога тетовци со примен гол во 90+10.минута испуштија победа. Сепак, не е ништо загубено. Со евентуални три бода вечерва, Шкендија ќе има седум и ќе може да се надева на пласман во следната фаза и европска пролет што секако дека ќе биде фантастичен успех. Инаку тетовци има да играат уште со Слован Братислава дома и со АЕК Ларнака на гости во лигашката фаза.
Вечерва Шкендија ќе наиде и тоа на како мотивиран тим, предводен од нашиот стратег Рамадани, трибините на стадионот „Фадиљ Вокри“ ќе бидат преполни, ова во некоја рака е и балканско европско дерби. Сепак Шкендија има сила, знаење, квалитет да дојде до трите бода, тука нема дилеми.
Овој вечерашен меч за Шкендија ќе биде 65 во фудбалска Европа во нејзината историја. Се атакува на 24-та победа, тетовци досега имаат 12 ремија и 19 порази.
Во моментов Шкендија се наоѓа на 21.место на табелата со 4 бода, ако не беше тој примен гол со Јагиелонија, сега нашиот шампион ќе имаше 6 бода и ќе беше на 10.место.
Но, тоа е тоа.
Да потсетиме дека екипите во Лигата на Конференции кои ќе се најдат до 24.место на табелата ќе одат во следната фаза.










