Претстојниот викенд, со мечевите од 15.коло завршува есенскиот дел од тековната сезона во ПМФЛ. Ќе се одигра уште еден меч на 3 декември, оној заостанатиот меѓу Г. Коњари и Охрид.
По сите оние сензации во вторникот, кога Брегалница дома беше поразена од Осогово, а Шкедија (А) доживеа пораз во Новаци, сега битката за тоа прво место и директен пласман во елитата и тоа како се вжештува.
Но, за тоа потоа, има да се игра и напролет и тоа цела полусезона.
Интересно е тоа што ниту лидерот Шкендија (А), ни втората Брегалница веројатно нема да бидат есенски шампион, туку по се изгледа еден друг тим. А тоа е Охрид.
Некој ќе праша како тоа?
Па, вака.
Шкендија е прва со 32 бода и ќе игра со Саса дома и ако победи ќе ја заврши есента со 35 бодови. Брегалница има 30 бода и игра в сабота со Победа во Прилеп, и ако победи ќе има 33 бода.
А Охрид, кој исто има 30 бодови, в сабота игра со Слога (В) на гости, но и на 3 декември игра на гости кај Г. Коњари и со две победи ќе завршисо 36 бодови и со тоа ќе презими како лидер на второлигашката табела.
ЕВЕ ЈА ТАБЕЛАТА
1.Шкендија 32 (14 одиграни меча)
2.Брегалница 30 (14)
3.Охрид 30 (13 одиграни меча)










