Како што е познато од утре па до понеделник се закажани мечевите од 15.коло во ПМФЛ. Терминот е 13 часот, но кога ќе се погледне распоредот на официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија, се забележува дека два меча се закажани во, за нас, невообичаен термин.
Имено средбите во Битола (Пелистер – Македонија ЃП) и во Струга (Струга ТЛ – Башкими) се закажани за 12.30 часот. Ова доаѓа на барање на МРТВ поради програмската шема на Националниот сервис, а и половина час порано ништо не значи.















