Поради поплавен терен во Радовиш: Натпреварот Детонит – Скопје е одложен и ќе се игра во вторник!

121

Нема во сабота второлигашки натпревар во Радовиш. Имено според распоредот требаше на 29 ноември (сабота) од 13 часот, во рамките на 15.коло да се игра мечот меѓу Детонит и Скопје. Сепак последните информации велат дека теренот на Градскиот стадион е поплавен по последните интензивни врнежи, па затоа истиот е одложен за 2 декември (вторник).

Колку за потсетување, на 3 декември (среда) ќе се игра и заостанатиот меч од 12.коло меѓу Г. Коњари и Охрид. Со овие два натпревари и дефинитивно завршува есенскиот дел од тековната сезона во ВМФЛ.

ПретходноСлот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!
СледноСудии за 15.коло во ПМФЛ: Грујоски “главен“ во Струга, Стојанов во Кратово