Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков се врати во Белгија. Од денеска тој и официјално е член на моментно второпласираната екипа во еден од најсилните европски одбојкарски шампионати, тимот на Хасроде Лувен.
Маџунков кој последната сезона и првите неколку месеци од оваа ги мина во екипата на шампионот Струмица, доби повик да се врати во дресот на Лувен каде настапуваше претходно и во клубот веќе го најавија како големо засилување на блокерската позициј. Маџунков доаѓа во Лувен како засилување за претстојните настапи на тимот во Лигата на шампионите, што и за нашиот репрезентативец ќе биде од големо значење за подигнување на формата во очекување на новиот настап со македонската репрезентација на Европското првенство следната сезона.
„Откако претходно играше за нас, Филип се враќа во тимот за да ја зајакне нашата средна позиција. Неговото искуство, енергија и познавање на клубот ќе ни дадат важен поттик додека продолжуваме со нашето белгиско натпреварување и се подготвуваме за Лигата на шампионите. Среќни сме и му посакуваме добредојде на Филип назад“, напишаа од неговиот нов (стар) клуб.
View this post on Instagram










