Убедливо издание на кошаркарите: Македонија го „распарчи“ Азербејџан (ФОТО)

1

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлива победа ги отвори претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година. Избраниците на Марјан Илиевски на домашен терен славеа против Азербејџан со 87-49. Следен противник на Македонија е селекцијата на Ирска, дуелот се игра на гостински терен.

Нашиот најдобар национален тим овој пат изгледаше поинаку и посилно. Се врати капитенот Војдан Стојановски, после долго време во „црвено-жолтиот“ дрес го видовме Андреј Јакимовски, кој блескаше, а своето деби го имаше и Омари Мур, новиот Американец.

Македонија оваа средба ја доби без проблем. После првото полувреме нашите кошаркари имаа позитива од 40-21, резултат кој водеше само кон едно – победа за избраниците на Марјан Илиевски. „Црвено-жолтите“ во 26-та минута водеа со двоцифрени 52-32. Оваа позитива растеше од минута во минута, па во последните десет минути резултатот беше 63-37. На Македонија до крајот само рутински го приведе мечот во своја корист. На нецели четири минути до крајот на семафрот стоеја високи 80-49 за потврда на победата. ж

Андреј Јакимовски и Војдан Стојановски беа лидери во нашиот состав, двајцата имаа дабл-дабл учинок. Првиот постигна 25 поени и 11 скока, додека капитенот имаше 16 поени и 11 скока. Мур дебитираше со 6 поени, 6 скока и 9 асистенции.

Македонија следниот меч го игра во недела, против Ирска.

ПретходноПортугалија за првпат стана светски шампион до 17 години!