Арсими по изненадување во Кратово

35
фото: KF Arsimi (FB)

Екипата од гостиварско Чегране, Арсими, денеска патува во Кратово мотивирана и со јасна цел, да освои позитивен резултат и да ја продолжи својата позитивна форма.

Стоперот на Арсими, интернационалецот од Босна и Херцеговина, Амир Дрљевиќ, е задоволен од атмосферата во екипата и подготвен за предизвикот што следува

“По важната победа против Шкендија, нашиот тим ја доби потребната самодоверба и ритам. Атмосферата е многу позитивна и сите сме максимално мотивирани. Во Кратово одиме со јасна цел, да забележиме позитивен резултат и да покажеме дека нашата добра форма не е случајна. Го почитуваме Силекс како противник, особено на нивни терен, но веруваме во себе и во работата што ја направивме во текот на неделата. Ќе дадеме се од себе на теренот за да ги задоволиме нашите навивачи и да продолжиме кон сезонските цели.”

Натпреварот меѓу Силекс и Арсими ќе се одигра утре во Кратово со почеток од 13:00 часот.

ПретходноСе бара наследник на Слот: Ливерпул му се јавил на Зидан
СледноДинамо Киев му врачи отказ на Шовковски