Барселона останува без Фермин Лопез за следните неколку натпревари

27
фото: FC Barcelona (X)

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе отсуствува од терените во следните две недели поради повреда на десната потколеница, објави каталонскиот клуб.

„Фермин има мала повреда на мускулот на десната нога и неговото закрепнување ќе трае приближно две недели“, се вели во соопштението на Барса.

Се очекува 22-годишниот играч од средниот ред да ги пропушти следните три првенствени натпревари на каталонскиот клуб против Алавес, Атлетико Мадрид и Реал Бетис, а неговото појавување во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември е исто така под знак прашалник.

ПретходноЈетон Беќири: Честитки за Дрита, ние примивме лесен гол, бадијала беше нашата доминација!
СледноМур ја заврши работата, Вајли ќе биде изборот за Р. Ирска