Македонскиот бисер Коневски блеска во Словенија (ВИДЕО)

160

Македонската кошарка дефинитивно има големи бисери, што пак влева надеж дека овој спорт повторно може да го врати стариот сјај.

За ова потврда дојде од тимот на Цедевита Олимпија каде член е младиот Илија Коневски. 15-годишниот македонски кошаркар и натаму плени со својот стил на игра и лидерските карактеристики.

Коневски за кратко време стана лидер во младиот тим од Словенија, со својот богат репертоар тој е нерешлива енига за своите врсници во тамошниот шампионат. На последниот меч супер-талентот од Македонија постигна 17 поени во убедливата победа над Хрстник од 82-63.

Во таборот на Цедевита Олимпија отиде од тимот на Феникс, има настапувано и во МЗТ Скопје. Тој веќе го носи дресот на националниот тим, останува неговата игра да се прати сериозно, бидејќи ова момче во иднина треба да прерасне во лидер и во сениорскиот тим.

„СпортСпорт“ веќе има пишувано за Коневски, како мало потсетување на неговите игри можете да прочитате и на следниот ЛИНК. 

ПретходноСекое дете треба да има еднакви можности да спортува! Министерството за спорт со поддршка за проектот „Фудбал за секое дете“
СледноДисциплинска комисија: Шкендија Арачиново со забрана за присуство на публика на четири натпревари