Мур ја заврши работата, Вајли ќе биде изборот за Р. Ирска

68

По вчерашната победа над Азербејџан на стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029, македонската кошаркарска репрезентација заминува за Ирска, каде в недела ќе го одигра и вториот меч против тамошната селекција. Вo составот кој патува за Даблин ќе има една промена во составот.

Станува збор за ротација кај натурализираните кошаркари. Како што најави вчера по мечот селекторот Илиевски, Омари Мур од Валенсија ќе биде ослободен од репрезентативните обврски, а неговото место ќе го заземе Џејкоб Вајли.

Промената се должи на различниот стил на игра што го практикуваат Азербејџан и Ирска, ппа затоа Мур и беше избран за првиот дуел во Скопје. Мечот во Даблин в недела стартува од 18 часот.

ПретходноБарселона останува без Фермин Лопез за следните неколку натпревари
СледноКошаркарско сценарио за филм: Литванците погодија три „тројки“ за 9 секунди и победија (ВИДЕО)