Партизан не го предомисли Обрадовиќ, се чека официјално соопштение од клубот

137

Медиумите во Србија веќе повеќе од 24 часа единствено се бават со оставката на Жељко Обрадовиќ на кормилото на КК Партизан, и напорите од клубот, истата да биде повлечена.
Откако Обрадовиќ вчера вечер се појави повторно во Белград, и беше пречекан од страна на илјадници навивачи уште на Аеродромот во Сурчин, денеска во 13:00 часот беше закажан состанок на Извршниот одбор на клубот директно со Обрадовиќ.

Тема секако неговата оставка, која што никој очигледно не ја прифаќа, и во клубот и во јавноста, но очигледно и дека Обрадовиќ нема намера да ја повлече.

Неофицијалните информации се дека Обрадовиќ го напуштил состанокот кој што траел повеќе од два часа без да се согласи на ништо, а јавноста ќе добие конечен одговор преку официјалното соопштение од КК Партизан.

Истото би требало да пристигне до утре изутрина.

 

ПретходноМакедонските „баскетџии“ се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство
СледноСекое дете треба да има еднакви можности да спортува! Министерството за спорт со поддршка за проектот „Фудбал за секое дете“