По невидено лоши услови за игра во кои ама буквално топката едвај се движи по теренот, и со половина час задоцнување, во Кратово екипите на Силекс и Арсими го играат својот дуел од новото ПМФЛ коло.
На полувреме гостите изненадувачки водат со 0:1, откако домашните во калта пред противничкиот гол промашија минимум 3 4 зицер ситуации.
Во шестата минута Тимовски нафрли, а Говедарица со глава ја погоди гредата. Следуваше шансата на истиот играч кој сам се избори за удар но тешкиот терен ја успори топката. Донов во 15. минута со удар од далечина исто така се закани.
За да Бутуровиќ со удар со глава од петерецот го погоди дирекот.
Со серијата промашувања на домаќинот во самиот финиш на полувремето, Арсими изведе аут, одбрана на Силекс не реагираше како што треба, Велиу нафрли, а Хуриќ на петерецот осамен реализира за гостинско водство.















