Толку беше: Благоја Љамчевски става крај на кариерата! (ФОТО)

133
ФОТО:FC Pelister Bitola/FB

Како што известуваат од Пелистер, Благоја Љамчевски става крај на својата играчка кариера. Тој на 38 години и дефинитивно се простува од активното играње фудбал, последен негов клуб беше Пелистер, кој што е и негов матичен клуб.

Љамчевски во својата долга и успешна кариера играше и за Македонија ЃП, Работнички, Победа, Металург, Вардар, Шкупи, Тиквеш а беше дел од Пелистер се до пред неколку месеци.

ФК Пелистер ја известува јавноста дека утре пред почетокот на натпреварот од 15. коло на Првата фудбалска лига против Македонија Ѓорче Петров (12:30 часот) ќе биде одбележан крајот на кариерата на нашиот поранешен фудбалер Благоја Љамчевски.

Тој е изданок на школата на клубот, а на крајот од минатата сезона се одлучи да ја заврши професионалната кариера. ФК Пелистер се одлучи да го одбележи неговиот пат во зелено-белиот дрес со пригодна свеченост.

Претходно27 години иста „песна“: Жално е да се игра, срамота е да се гледа!
СледноЛапорта му врати на Перез: Реал Мадрид е опседнат со Барселона!