Динамо Киев му врачи отказ на Шовковски

0
фото: fcdynamo.com

Украински Динамо Киев го разреши Олександр Шовковски од позицијата главен тренер на тимот.

Заедно со Шовковски заминува и целиот тренерски персонал. Игор Костјук, кој моментално го води младиот тим на Динамо Киев до 19 години, е назначен за в.д. главен тренер.

Олександр Шовковски беше на чело на Динамо Киев од ноември 2023 година, а под негово водство, тимот стана шампион на Украина во сезоната 2024/25.

Во неговиот последен натпревар на клупата, тимот загуби од Омонија во Конференциската лига со 2:0. Претходно имаше серија од уште два порази.

ПретходноАрсими по изненадување во Кратово