Македонските „баскетџии“ се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство

290

Македонскиот тим „EUROEDIL HOLDING“ кој отпатува во Дубаи на Светското првенство во 3х3 во баскет имаше одличен настап. Нашите момци се пласираа во четвртфиналето на Мундијалот, кој е организиран од „Ред Бул“.

Македонските „баскетџии“ беа подобри од САД со 13-7, а потоа и од Малдиви со 21-7. Во последниот натпревар од групната фаза беа совладани од Јужна Африка со 14-19, но ја исполнија целта, заверија четвртфинале.

Утре ќе ги одмерат силите со Јапонија за чекор понапред, поточно место во полуфиналето.

Македонскиот тим го сочинуваат  Елвис Хот, Амар Хот, Карло Блажевски и Паоло Блажевски.

ПретходноСилекс се „удави“ во калта, Арсими ги однесе бодовите од Кратово (ВИДЕО)
СледноПартизан не го предомисли Обрадовиќ, се чека официјално соопштение од клубот