Неверојатно: Медицината вели – Роналдо има само 28 години!

0
ФОТО: FC Al-Nasr/FB

Еден е Кристијано Роналдо. И не толку според тоа што го дал или го дава во фудбалот, според квалитетот, туку најмногу според спортскиот живот што го води веќе повеќе од две децении. Човекот има милијарди, но неговата глад за докажување сеуште е присутна и тоа најмногу воодушевување. Дури и на 41-годишна возраст, португалската суперѕвезда продолжува да ги поместува границите, како на теренот, така и кога станува збор за неговите физички способности.
Во новата шампионска победа на Ал-Наср против Ал-Кали (4:1), Роналдо повторно беше стрелец. Во шестата минута од судиското продолжение, тој го заклучи триумфот на својот тим со спектакуларен удар со ножици и со тоа уште еднаш потсети дека неговото време, барем на теренот, сè уште не е завршено.
Уште поголемо изненадување од самиот гол дојде од податоците на компанијата „Whoop“, која ги следи физичките параметри на професионалните спортисти преку напредна електронска нараквица. Според нивната анализа, телото на Роналдо, кога се гледаат виталните индикатори, одговара на просечната состојба на 28-годишен врвен спортист.
Компанијата ја базираше својата проценка на девет клучни параметри, вклучувајќи квалитет и времетраење на спиењето, нивоа на физичка активност, зони на срцев ритам, метаболизам и сооднос на телесна маса.
Кристијано Роналдо коментираше за сè со кратка порака на платформата X: „Броевите не лажат“.

Компанијата тврди дека телото на Роналдо е „оптимизирано за врвни перформанси, закрепнување и долговечност“ и дека тој поседува исклучителна аеробна издржливост, стабилно производство на енергија и идеално снабдување со кислород до мускулите. Според нив, неговата физиологија му овозможува да остане подеднакво експлозивен дури и во најтешките фази од играта.

И затоа неговото тело е такво како да има 28 годиини.

Секоја чест.

ПретходноСензационално: “Дали за Вирц најдобро решение е да оди на позајмица? Апсолутно да!“!