Пауновиќ повеќе не е селектор на одбојкарките

1
фото: CEV.eu

Одбојкарската федерација на Македонија и селекторот на женскиот А национален тим, Стефан Пауновиќ ја завршија соработката. Српскиот стратег во изминативе четири години успешно ја извршуваше оваа функција, која финишираше со квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2026.

„Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарува на Пауновиќ за професионалниот однос, разбирањето, убавата енергија во работата и успесите кои женската репрезентација на Македонија ги направи со него како селектор“, објавија од ОФМ

Двете страни се насочуваат кон новите предизвици, Стефан Пауновиќ со неговиот клуб Ново Место од Словачка, за кој настапува и македонската репрезентативка Ерјона Јонузи. ОФМ до крајот на 2025 година ќе го именува новиот селектор на женскиот национален тим.

ПретходноРеал крена раце од Конате: Не сме заинтересирани за него!