Чеде Јаневски не е веќе тренер на Красава!(ФОТО)

2
ФОТО:ФК "Красава",FB

Од денеска и официјално Чеде Јаневски не е веќе тренер на Красава, тимот од Кипар. Македонскиот стратег, некогашен селектор на нашата А-репрезентација, еден од нашите најдобри тренери, во овој клуб мина само три месеци.

Но, толку беше. Денеска раководството на Красава преку своите социјални мрежи и официјално потврди дека Јаневски не е веќе нивни тренер и дека му се заблагодарува на досегашната соработка.

Да потсетиме дека Јаневски пред нешто помалку од две децении ја водеше Ц.Звезда, беше тренер на Вардар во златните времиња на овој клуб, но сепак со Красава не успеа да дојде до успех.

ПретходноВМФЛ: Одложени се четири меча од утрешното последно есенско коло!