Кошаркарско сценарио за филм: Литванците погодија три „тројки“ за 9 секунди и победија (ВИДЕО)

0
фото: fiba.basketball

Кошаркарите на Литванија синоќа ја победија Велика Британија со 89:88 на гостински терен во квалификациите за Светското првенство во 2027 година во натпревар со филмско сценарио.

Литванците губеа со 87:80 на 9 секунди до крајот на натпреварот, а за тој краток период успеаја да постигнат три тројки (9 поени) и комплетно да го свртат резултатот, па на крајот и да слават.

Игнас Саргијунас, кошаркар на Ритас, го започна овој спектакуларен настап и го намали дефицитот на 87:83. Акваси Џебоа беше брзо фаулиран и им направи голема услуга на Литванците погодувајќи само едно слободно фрлање за 88:83. Саргијунас повторно ја зема топката и погодувајќи тројка намали на 88:86 на 3,5 секунди до крајот, по што следеше лошо изведување на слободното фрлање од страна на Британците што резултираше со целосен пресврт. Во пследните секунди од мечот, неверојатниот Саргијунас погоди уште една тројка за сензационална победа!

ПретходноМур ја заврши работата, Вајли ќе биде изборот за Р. Ирска