Македонскиот тим „EUROEDIL HOLDING“ кој отпатува во Дубаи на Светското првенство во 3х3 во баскет имаше одличен настап. Нашите момци се пласираа во четвртфиналето на Мундијалот, кој е организиран од „Ред Бул“.
Македонските „баскетџии“ беа подобри од САД со 13-7, а потоа и од Малдиви со 21-7. Во последниот натпревар од групната фаза беа совладани од Јужна Африка со 14-19, но ја исполнија целта, заверија четвртфинале.
Утре ќе ги одмерат силите со Јапонија за чекор понапред, поточно место во полуфиналето.
Македонскиот тим го сочинуваат Елвис Хот, Амар Хот, Карло Блажевски и Паоло Блажевски.










