Нема дилеми, овој Комо и тоа како игра добро, многу добро. Вечерва на свој терен четата на стратегот Цеск Фабрегас славеа против Сасуоло со 2:0. Ова беше меч од 13.коло во Серија А, а стрелци на головите беа Доувикас во 14. и Морено во 53.минута. Сосема доволно за нова победа, за нови три бода и запоседнување на 6.место на табелата или +4 пред гигантот Јувентус.
По се ова сега на сите им е јасно дека Комо има и високи амбиции, и со право, па дури да се впушти во битка за пласман во Лигата на Шампионите. Тоа не е недостижно за Фабрегас и неговите фудбалери, само ако вака продолжат да си газат во Серија А.










