Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир во Кавадарци, по што ќе замине за Анкара, Турција, каде ќе настапи на меѓународен пријателски турнир во периодот од 4 до 7 декември.
Нашите ракометарки ќе играат против селекциите на Турција, Словенија и Словачка, како подготовка за следните репрезентативни настапи.
Селекторот Кристијан Грчевски за овој турнир повика 20 ракометарки.










