Сениорите пристигнаа во Даблин! (ФОТО)

1
ФОТО: mkd.basketball

Нашите најдобри кошаркари ги оставија зад себе случувањата на првиот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029 против Азербејџан, одигран во Скопје, во кој бевме убедливо подобри и славевме висока победа (87:49).

А преку Истанбул, вечерва сениорската репрезентација на Македонија пристигна во Даблин каде за неколку дена, поточно во недела навечер, ќе го одигра вториот меч од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, кое ќе се одри во четири држави, Естонија, Словенија, Шпанија и Грција.Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторот Марјан Илиевски се одлучи до почетокот на дуелот со селекцијата на Ирска, да бидат одработени три тренинзи.

Првиот, утре изутрина, од девет часот, во „Националнатаа баскет Арена“ во Даблин. „Црвено-жолтите“ ќе тренираат и попладнето, поточно во периодот од 18. до 19.30 часот, на теренот на кој е оној „главен настан“, мечот од второто коло од групата „А“, против домашната репрезентација.

Планиран е и уште еден, едночасовен утрински, тренинг (од 9. до 10. часот), на денот на одигрување на натпреварот, кој е закажан за 30. ноември, од 18.часот.May be an image of suitcaseMay be an image of suitcase and text that says '+ Ardatheoir ←種る 株 米 MKD BASK BASKETBALL 全MKU 2 BЛEKETBAИ *MK 米 MKD'May be an image of soccer, suitcase and textMay be an image of suitcase and text that says '33.02 普 BASKETBALL በኢኢች MK E နး MKD မသာသေး AKETH MKD KETSALL ESAL'

May be an image of soccer and text

Претходно“Бомба“ од Ливерпул: По Слот да се врати Клоп, а потоа тренерот кој на Барса и ПСЖ им донесе пехари во ЛШ!