Вечерва се одиграа уште осум средби од женското ракометно СП кое се одржува во Германија и Холандија.
Домашната селекција на Германија дојде до втората победа во својот втор меч во групата Ц. Тие вечерва славеа против ракометарките на Уругвај со неверојатни 12:38 или +26 разлика. Едноставно чиста доминација на Германија. Во меч од истата група, Србинките во драматичен меч славеа против Исланд со 27:26. Сега и Србија и Германија со по две победи веќе се во следната фаза.
На останатите мечеви од денешната програма се постигнаа следните резултати:
ГРУПА – Е:
Австрија – Египет 29:20
Холандија – Аргентина 32:25
ГРУПА – Д:
Парагвај – Црна Гора 25:34
Шпанија – Ф. Острови 25:27
ГРУПА – Ц:
Уругвај – Германија 12:38
Србија – Исланд 27:26
ГРУПА – Ф:
Полска – Кина 36:20
Франција – Тунис 43:18










