Седмото коло од домашниот одбојкарски шампионат почна синоќа со два меча во Штип и Тетово. Лидерот на табелата, екипата на Штип УГД славеше со максимален резултат 3:0 и на дуелот со скопски Работнички, додека екипата на Шкендија пред своја публика во три сета славеше над екипата на Јанта Волеј (25:7, 25:14, 25:11).
Во текот на денешниот ден треба да се одигра уште еден дуел од тековното коло, а в сабота натпреварите ќе се комплетираат со последните две пресметки.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ – 7. КОЛО
Штип УГД – Работнички Скопје 3:0 (25:18, 25:18, 25:14)
Шкендија – Јанта Волеј 3:0 (25:7, 25:14, 25:11)
ДЕНЕСКА:
Универзитет Тетово – Скопје (19.00)
САБОТА:
Весна Пробиштип – Струмица (18.00)
Македонија Џио – Лирија (18.00)
Сушево – ГОК Борец (18.00)
ТАБЕЛА: 1. ШТИП УГД (21), 2. Струмица (16), 3. Работнички (15), 4. Борец (14), 5. Шкендија (13), 6. Сушево (12), 7. Македонија Џио (8), 8. Универзитет Тетово (8), 9. Весна Пробиштип (5), 10. Лирија (2), 11. Јанта Волеј (0), 12. Скопје (0).










