Пелистер ја распродаде салата за Алаклоид

170

Последниот меч од 14. коло во Супер-лигата ќе се одигра утре. Актуелниот македонски првак, Пелистер е домаќин на младиот тим на Алкалоид, дуелот се игра со почеток во 19:30 часот.

Од таборот на битолчани известија дека билетите за оваа средба се распродадени.

Алкалоид на првата средба оваа сезона беше на чекор до победа, но прими гол во последните секунди.

Пелистер оваа средба ја дочекува од второто место, има 23 бода, три повеќе од избраниците на Кирил Лазаров.

ПретходноПосле четири години нов трипл-дабл во женската кошарка
СледноМатеј Цветаноски стрелец за Железничар во поразот од Борац Бања Лука!