Тиквеш знае како во Струмица… победа од 0:4 против Брера

178

Во вториот до двата денешни дуели во рамките од новото 15. коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Тиквеш суверено и без грешка го совлада домаќинот Брера на негов терен во Струмица со конечни 0:3.

Во дуел во кој гостите доминираа рано водство донесе Иван Ивановски кој што погоди во 14. минута за одличен старт на Тиквеш.

На тешкиот терен очигледно дека кавадарчани подобро се снајдоа, па Мартин Стојанов во 35. минута веќе донесе и двојно гостинско водство.

По ова, стана јасно дека домаќинот многу тешко ќе се снајде во продолжението на мечот, што се покажа и во пракса.

Второто полувреме не донесе ништо поинаков фудбал, туку само потврда дека денеска Тиквеш беше едноставно подобар.

Мартин Стојанов со својот втор гол во 77 минута донесе 0:3, а младинецот Благој Стојчев во судиското продолжение ги донесе конечните 0:4.

 

 

ПретходноМакедонија ЃП освои бод на гостувањето кај Пелистер (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Шкендија (А) славеше против Саса и ќе презими како лидер, победи и Брегалница!