Македонија У19 со втор триумф на квалификацискиот турнир во Струмица

81

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19. години предмалку ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир на кој што сме домаќини и кој што се одржува во Струмица.

На комолексот на ФК Брера, Македонија предмалку беше подобра од Азербејџан со конечни 3:1.

Поведоевме со голот на Калина Попески, фудбалерката на белградска Црвена Звезда, а потоа од пенал Галабовска од Тиверија зголеми на 2:0. Противникот во 35. минута намали на 2:1 преку Јуругова, но Македонија повторно дојде до двојна предност со вториот гол на Галабовска во 49.минута.

Сега Македонија е прва со шест бодови, а денеска се игра дуелот помеѓу Словенија и Грузија.

 

ПретходноСтефан Михајловски со сребро на Светското кик бокс првенство
СледноЛиверпул може да бара од Клоп да ја спаси сезоната?