Нова блескава партија на Дончиќ и нов триумф на Лејкерси

49
фото: FanDuel Sportsbook (X)

Една од најголемите ѕвезди на светската кошарка во моментов, Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до седмата последователна победа во НБА со 34 поени. Лејкерси синоќа ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 133:121. Брилијантниот Словенец постигна 20 поени само во првата четвртина. Тој додаде и 12 скока и седум асистенции до крајот на натпреварот.

За Лејкерси ова беше 13-та победа во последните 15 натпревари. На Дончиќ многу му помогнаа и Остин Ривс со 33 поени и осум асистенции и Деандре Ајтон со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс синоќа паузираше поради отекување на левото стапало.

Кошаркарите на Бостон по два порази во последните четири средби синоќа добија важна победа на гостувањето кај Кливленд. Селтикс славеа со 117:115 во натпревар во кој неверојатниот Причард постигна рекордни 42 поени. Кај Кливленд најефикасен беше Мобли со 27 поени.

НБА резултати:

Кливленд – Бостон 115:117

Њујорк – Торонто 116:94

Филаделфија – Атланта 134:142 (по две продолженија)

Портланд – Оклахома Сити 115:123

Минесота – Сан Антонио 125:112

Сакраменто – Мемфис 107:115

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 133:121

ПретходноРеал, пак, се мачеше, освои само бод кај Џирона (ВИДЕО)
СледноИлиевски: Овие два меча се прв показател дека се случува нешто позитивно