Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница закажана на пладне и официјално ќе донесе одлука со која нема да му биде продолжен договорот на досегашниот селектор на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски.
Она што „СпортСпорт“ го најави по натпреварот со Велс во Кардиф, денеска треба да добие и официјална потврда. Според наши информации, на денешната седница на УО на ФФМ ќе се формира комисија која во наредните две недели треба да ги разгледа сите можни кандидатури и опции за новото селекторско име кое ќе седне на жешкото столче и треба да ја предводи Македонија на мартовските бараж натпревари за пласман на Светското првенство 2028 година.
Во јавноста веќе одамна се споменува името на Гоце Седлоски, тренерот на ФК Вардар како прв фаворит за наследник на Милевски, но засега како можен проблем се појавува инсистирањето на Вардар тој да остане на клупата на „црвено-црните“ до крајот на сезоната, што за ФФМ ќе биде неприфатливо. Останува Комисијата да направи пат за Седлоски да ја преземе селекторската позиција во најскоро време.










