ФИФА со детали околу извлекувањето на групите за Мундијалот 2026

30
фото: fifa.com

Кровната светска фудбалска асоцијација, ФИФА за в петок го закажа извлекувањето на групите за претстојниот Мундијал кој што ќе се одржи следното лето 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Дванаесет групи ќе добијат по четири репрезентации, и на тој начин ќе бидат распоредени сите квалификувани селекции плус домаќините.

Ден потоа пак, в сабота, ќе биде одреден и распоредот на натпреварите.

Вкупно 48 репрезентации ќе одиграат точно 108 мечеви на овој турнир.

 

ПретходноФенер и Галата во „интерконтиненталното дерби“ одиграа 1:1 (ВИДЕО)
СледноКремонезе со супер триумф кај Болоња