Чупиќ: Вардар игра на победа на секој натпревар, нема неважни натпревари

45

Ракометарите на Вардар веќе го обезбедија своето место во ТОП 16 фазата од ЕХФ Европската лига, но посакуваат на утрешниот последен меч од групната фаза да финишираат со домашна победа. Во Скопје гостува француски Тулуз, а на прес-конференцијата пред натпреварот, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ вели дека Вардар ќе бара победа на секој меч.

„Имавме добра недела со две важни победи против Сесвете и Охрид. Сега ни доаѓа Тулуз, во натпревар без значење, но играме добро, се подготвувме и сакаме да запишеме уште една победа. Да завршиме во оваа фаза без пораз. Сакаме да им покажеме на нашите навивачи како Вардар сака да игра на секој натпревар, а тоа е мотив и за утрешниот меч. Мора да дадеме се од себе, со енегрија, со говор на тело, со позитива меѓу нас“, вели Чупиќ.

Левото крило Марио Стојановски пред новинарите ги истакна и своите очекувања од утрешниот натпревар.

„Анализата е направена. Треба само тоа што го договараме да го спроведеме на терен. Секако дека и против Тулуз ќе одиме на победа“, вели ракометарот на Вардар.

Мечот меѓу Вардар и Тулуз ќе се одигра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18.45 часот.

ПретходноУште еден банкрот: Освоија куп, сакаа да градат стадион, па ги избркаа од лига!
СледноПартизан го договорил наследникот на Обрадовиќ?