Кровната светска фудбалска асоцијација, ФИФА за в петок го закажа извлекувањето на групите за претстојниот Мундијал кој што ќе се одржи следното лето 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Дванаесет групи ќе добијат по четири репрезентации, и на тој начин ќе бидат распоредени сите квалификувани селекции плус домаќините.
Ден потоа пак, в сабота, ќе биде одреден и распоредот на натпреварите.
Вкупно 48 репрезентации ќе одиграат точно 108 мечеви на овој турнир.










