Полувреме: Тамба “тресе“ за водство на Шкендија! (ВИДЕО)

1
ФОТО: KF Shkendija/FB

По првото полувреме од последниот меч од 15.коло во ПМФЛ, Шкендија под Шара има водство од 1:0 и тоа со голот на Тамба во 5.минута, откако претходно беше проигран од Трумчи. Шкендија беше подобра, имаше и неколку шанси како двете на Ибраими во 3.минута и во 25.минута.

Работнички очекувано беше дефанзивно ориентиран, се обидуваше од контри да дојде до можност за гол.Имери опасно се закани во 39.минута, кога оддесно биеше, но Гаје одлично одбрани. Во последните минути од полувремето Работнички направи притисок кон домашниот гол.

Сепак се виде разликата во квалитет. Шкендија и Работнички на пауза заминаа со резултат 1:0, иако реално ова водство на тетовци можеше да биде и поубедливо.

ПретходноУО на ФФМ: Ти благодариме Милевски! Време е за нoв импулс и свежа енергија