Вардар 1961 во победнички стил ја заврши групната фаза во Европската лига (ФОТО)

47

Вардар 1961 со победа ја заврши групната фаза во Европската лига, откако на домашен терен славеше против Тузул со 37-35. Со овој петти триумф „црвено-црните“ ставија печат на лидерското место во групата Ф, имаат и еден пораз. Во главната рунда ќе игра против Мелсунген и Бенфика.

Гогов со 12 одбрани беше еден најдобрите играчи во редовите на македонскиот тим. Малус и Хориха беа главнатаа сила на Вардар 1961, двајцата заедно постигнаа 17 гола.

Реваншот меѓу двата тима беше поинаков од првата средба. Гостите се покажаа во многу подобро издание, ако дома имаа негатива од 8 гола, вечерва на одморот имаа позитива од 16-18. Првото полувреме мина во изедначена битка, водството се менуваше со тоа што Тулуз искористи грешки на македонскиот тим и на одморот имаше 16-18.

После одморот се олекуваше Вардар 1961 да блесно по вкусот на своите фанови. Со серија од 7-2 на крилата на Гогов и одличните Митровиќ, Хориха и Малус го врати водството 25-23 на стартот на 40-та минута. На срединта на воторото полувреме „црвено-црните“ пропуштија шанса за првпат не мечот да дојдат на плус три.

Маус со седмиот погодок на стартот на 50-та ја донесе водство од 32-29. Вардар 1961 успеа да фати ритам и полека да го наметне темпото кое го водеше кон петтиот триумф. На пет минути до крајот резултатот беше 36-31. Гостите имаа обид да се вратат, но Гогов беше одличен и не го дозволи тоа.

ПретходноБарса одлучила: Нема нов договор за Левандовски
СледноВини усно го прифатил новиот договор, па сега бара повеќе пари