Лидерот на прволигашката фудбалска конкуренција кај нас, тимот на Вардар е на само едно коло од освојување на шампионската титула. Серијата на позитивни резултати есенва го доведе Вардар во оваа ситуација. Последен кој што ја осет на свој грб силината на лидерот на табелата е тимот на Шкупи, кој што загуби на комплексот Петар Милошевски со 6:1.
Следниот викенд е закажано тоа последно 16. коло од есенскиот дел, а Вардар гостува кај Македонија ЃП. Евентуалната победа му го гарантира првото место на тимот, но таа треба да се одработи на терен.
„На крајот од сезоната сме. Ни остана уште тој дуел со Македонија ЃП. Дефинитивно незгоден меч со оглед на фактот што нема тим кој што не е мотивиран кога игра против Вардар. Едноставно така е. Особено пак ако се игра на терен на противникот. Нашиот пристап е ист. Максимално од првата минута. Дали е репер за тоа дуелот против Шкупи? Нам секој меч ни е ист. Пристапот е тој. Овој тим, овој клуб, заслужи со своите игри, резултати, и функционирање да биде есенски шампион. Тоа го покажуваме од меч во меч, и сигурен сум дека така и ќе финишираме, па како прваци да заминеме на заслужен одмор“ –















