Бидете подготвени еден натпревар на следното СП 2026 да трае и по три часа!
Имено ФИФА подготвува важна промена во фудбалските правила за Мундијалот, а се однесува на примена на VAR технологијата при доделување корнери, тврди „The Times“.
Предлогот доаѓа од високи функционери на ФИФА.
Одамна е познато дека Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД како главен домаќин, Канада и Мексико како ко-организатори, а ова е и прв пат Светското првенство да собере 48 репрезентации наместо претходните 32, што веќе претставува голем организациски предизвик.
Затоа можеби е време за промени во некои правила. Покрај проширениот број на учесници, ФИФА размислува и за проширување на надлежноста на VAR, особено во ситуации кога судијата погрешно досудил корнер. Како што објавува „The Times“, дел од службените лица сакаат да овозможат интервенција на VAR во тие случаи, барем во експериментална фаза за време на турнирот.
Целта на предложената промена е да се намали ризикот од грешки, кои би можеле да одлучат за важни моменти од натпреварот, па дури и за исходот од финалето. Точноста на одлуките на судијата е сè поважна, а погрешно досудениот корнер може да има огромно влијание врз резултатот. Исто така, се разгледува можноста VAR да ги разгледа ситуациите што доведоа до одредени жолти картони, така што евентуалното исклучување на играчот ќе биде целосно оправдано. Сите потенцијални промени треба да стапат во сила на 1 јуни 2026 година, на време за почетокот на првенството.










