Френки де Јонг отпадна за дуелот со Атлетико Мадрид

33

Екипата на Барселона на свој терен вечерва на Ноу Камп го пречекува Атлетико Мадрид во големото дерби од Примера шампионатот. Овој дуел, секако еден од клучните во тековново првенство, домаќинот ќе мора да го одработи без еден од најважните играчи, а тоа е Френки Де Јонг.

Холанѓанецот според извештаите е болен, и тешко дека ќе може да се опорави. Ако на ова се додаде и фактот што Роналд Араухо исто така е вон конкуренција, тогаш станува јасно дека Барса ќе биде значително ослабена на ова големо дерби.

ПретходноСите комбинации на едно место: Еве како Норис ја освојува титулата, а како Верстапен или Пјастри?
СледноРакометарките на гости во Кавадарци