Јакимовски е четврти стрелец во првиот круг од претквалификациите!

26
фото. fiba.basketball

Статистичките податоци велат дека Андреј Јакимовски е четвртти стрелец по одигрувањето на првите два натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. На двата одиграни натпревари со Азербејџан и со Ирска, нашиот крилен играч постигна 51.поен, односно во просек по 25.5 поени по меч.

Лидер е Дардан Бериша од селекцијата на Косово, кој на средбата со Албанија даде 35.поени, што е нешто повеќе во однос на Андре Спиг (Ерменија), кој има 33.5 и Бен Ковач од Луксембург, со ист ефект. Севкупно, Јакимовски има трет поентерски резултат, односно вкупно 51.поен.Џејкоб Вајли, кој го одигра вториот меч, оној против Ирска е трет на листата на играчи со најдобра реализација во шутот од поле. Нашето силно крило реализираше со 72.7% на успешност на дуелот во Даблин.Имаше и беспрекорни 4/4 од линијата за три поени, што, интересно, го прават и најдобар тројкаш во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029. А со три освоени топки на гостувањето во Даблин, е и прв „крадец“ во оваа прва фаза од натпреварувањето.

Неговите 29.индексни поени, засега се втор резултат на истата на најкорисни играчи, додека на петото место, со просечен индекс 26, е Андреј Јакимовски. Уште еден наш играч е на чекор на листата на играчи, оние со најдобра реализација од линијата за слободни фрлања. Андреј Магдевски ги погоди сите шест слободни фрлања на двете средби со кои ја дели првата позиција со уште неколку други играчи.

Омари Мур го одигра својот прв натпревар во дресот на Македонија, и на средата со Азербејџан подели девет асистенции, кои го ставаат на делба на најдобрите асистенти во овој круг од претквалификациите заедно со Ди Бост од селекцијата на Бугарија.

Лејсон Зеќири го зазема петтото место на списокот на играчи со најдобра реализација во обидите вредни по два поени. На двете средби има просечни 66.7% на реализација во шутот од дистанца. Капитенот Војдан Стојановски и Андреј Јакимовски се играчите кои имаат реализирано по еден дабл-дабл ефект во првите две средби од претквалификциите.

ПретходноМектоминеј е играч на сезоната во Серија А, Конте е најдобриот тренер
СледноДвете А селекции ќе настапуваат во Европската лига 2026