Екипата на Јувентус е првиот четвртфиналист во Купот на Италија. Вечерва на пресметката со Удинезе, „Старата Дама“ на домашен терен дојде до сигурна победа од 2:0 и обезбеди место меѓу осумте најдобри тимови во куп-натпреварувањето.
Со голот на Џонатан Дејвид во 23. минута домашните поведоа со 1:0, по што следуваше уште еден гол во гостинската мрежа во 34. минута, кој судиите го поништија поради офсајд.
Во второто полувреме Јувентус продолжи да атакува кон гостинскиот гол, а во 68. минута домашните заработија пенал. Локатели беше сигурен егзекутор за 2:0.










