Во големото шпанско дерби од 19. коло кое се одигра вечерва на „Камп Ноу“, екипата на Барселона успеа со голем пресврт да ги освои бодовите на мечот со Атлетико (М) обезбедувајќи триумф од 3:1.
Видовме одличен меч во кој гостите поведоа со голот на Алекс Баена во 19. минута, но домашните успеаја брзо да одговорат и да израмнат на 1:1 со погодокот на Рафиња во 26. минута. Барселона имаше шанса и да поведе, но Левандовски очајно го изведе пеналот во 36. минута, промаши цел гол и резултатот на полувреме остана 1:1.
Одлуката за победникот падна во вторите 45 минути. Дани Олмо со голот во 65. минута донесе предност за Барса од 2:1, а во последните секудни од мечот, Феран Торес ја запечати судбината на гостите за 3:1.
По овој меч Каталонците остануваат лидери со 37 бода, сега четири повеќе од Реал (М), кој има и натпревар помалку.










