Навивачите на Ница ги тепале и плукале играчите поради пораз

10

Францускиот прволигаш Ница го осуде однесувањето на навивачите на клубот, кои што ги нападнаа играчите по уште еден разочарувачки перформанс изминатиот викенд.

Откако беше забележан шестиот последователен пораз во сите натпреварувања од Лоринт со 1:3, навивачите се соочиле со играчите во клупскиот тренинг центар.

Нормално следувало, лавина од навреди, и барања за поголемо залагање. Ситуацијата екалсирала, а во еден момент дел од навивачите влегле и во автобусот.

Клубот ја разбира фрустрацијата на навивачите, од низата на лоши резултати, и игри. Сепак, инциденти од ваков тип се неприфатливи. Неколку членови на клубот се нападнати“ – се вели во соопштението.

Жереми Бога и Терем Мофи според информациите најтешко минале, и биле сериозно нападнати.

 

ПретходноРакометарките на гости во Кавадарци