Трајковски: И Локомотива и јас имаме потреба од овој трансфер

251

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски од денеска е на тренинг на неговиот нов клуб, екипата на Локомотива Загреб.

Искусниот наш интернационалец по малку изненадувачки му се приклучува на помалиот од загрепските прволигаши откако со месеци беше со статус на играч без клуб.

Од друга страна пак и Локомотива очигледно има потреба од засилувања во нападот.

„Многу ми е мило што ќе станам член на тимот на Локомотива. Екипа која што добро ја познавам со оглед на фактот дека доста време минав во ХНЛ шампионатот. До овој трансфер дојде на обострано задоволство, затоа што и јас и клубот имаме потреба од ова“ – изјави за хрватските медиуми Александар Трајковски.
Тој своевремено настапуваше за тимот на Интер Запрешиќ, а беше дел и од Хајдук.

 

 

ПретходноМатиќ: Овој Вардар заслужува есенска титула, и тоа го покажува секое коло
СледноСП 2025: Србија со голем пресврт ја победи Шпанија