ФОТО НА КОЛОТО: Кореографија на Комити низ целиот стадион

43

Изминатиот викенд во ПМФЛ шампионатот се одигра 15. коло. Од него беше дел градската пресметка помеѓу Вардар и Шкупи.

Некогашните шампионите сега се во сосема спротивни ситуации. Вардар е пред промоција на есенски првак, а Шкупи е пред промоција на второлигаш.

Дуелот заврши со високи и убедливи 6:1, што во потполност ја одсликува моменталната ситуација.

А и настаните на теренот. Ревија на убаво голови, хет трик на капитенот Омерагиќ, два на Закариќ, еден на Талевски. Убава фудбалска претстава, но и навивачка.

„Комитите“ во најдобро светло, го наполнија гледалиштето на комплексот Петар Милошевски во Скопје. И се претставија со прекрасна кореографија низ двете трибини.

Кореографија вредна за ФОТО на колото….

 

ПретходноНавивачите на Ница ги тепале и плукале играчите поради пораз
СледноДориев е најдобар странец во шампионатот на Узбекистан