Гарабаја: Се надевам на победа на гостувањето кај Загреб!

1

Утре од 18:45 часот во меч од 10.коло во групата Б во ракометната Лига на Шампионите, ракометарите на Пелистер му гостуваат на Загреб. Секако дека ова е важен меч за нашиот шампион. Во изминатите девет кола битолчани забелажаа само две победи и седум пати се поразени. Дали ова е шансата за нови бодови. Инаку ова дербито на дното, играат претпоследниот и последниот на табелата во групата Б.

Во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар има стратегот на Пелистер, Рубен Гарабаја:

Имаат голема мотивација откако добија нов тренер. Одиграа одлично во Сегед, цврст тим се, не се откажуваат никогаш. Ќе биде тежок меч, и тие се надеваат на победа против нас. Имаме тежок распоред сега, за разлика од некои полесни мечеви минатиот период. Времето е кратко, но се подготвуваме најдобро што можеме. Следуваат важни натпревари и сакаме да се претставиме во посакуваното светло. Играме и во првенството и во Лигата на шампионите, но не смееме да се жалиме. Ќе имаме кратка пауза пред дуелот со Загреб, го знаеме тоа. Сепак, ќе одиме да одиграме квалитетно и се надеваме на победа“.

ПретходноВардар 1961 посакува полни трибини за потврда на врвот