Мектоминеј е играч на сезоната во Серија А, Конте е најдобриот тренер

0
ФОТО: Gran Galà del Calcio AIC/X

Очекувано, Скот Мектоминеј е избран за најдобар играч во сезоната 2024/25 во која неговиот Наполи ја освои титулата. Репрезентативецот на Шкотска едноставно беше најдобриот поеидинец во шампионскиот состав, па затоа немаше никакви дилеми дека ќе ја освои оваа престижна награда.

За најдобар тренер беше избран Антонио Конте од Наполи, додека најдобар млад играч е Пио Еспозито од Интер, кој играше за Специја како позајмен играч.

Инаку ова е идеалниот тим на сезоната:Свилар (Рома), Ди Марко (Интер), Рахмани (Наполи), Бастони (Интер), Дамфрис (Интер), Барела (Интер), Мектоминеј (Наполи), Реиндерс (Милан), Мартинез (Интер), Кеан (Фиорентина), Ретеги (Аталанта).

ПретходноГарабаја: Се надевам на победа на гостувањето кај Загреб!