Нова промена на термините во ВМФЛ, есенската титула сепак му се смешка на Охрид!

0
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос/FB

Иако одложените мечеви од 13., 14. и 15.коло во ВМФЛ првично беа планирани да се играат напролет, сепак најново е тоа што се планира да се играат овој месец и со тоа на зимската пауза да се оди без одложен меч. Па така сите седум натпревари кои беа одложени за пролетниот дел, сепак ќе се играат во термините од 3 декември, 6 декември, 7 декември и 12 декември.

Ова значи дека Охрид сега има и тоа какви шанси сепак да стане сенски првак.

Имено на табелата Шкендија (А) има 35 бода, Брегалница има 33 а Беласица 31 бодови. Но сите овие екипи веќе ги одиграле сите 15 меча. Охрид има 30 бодови и ќе треба да одигра уште два, и тоа овој месец и тоа против Г. Коњари и Слога (В), Реално е охриѓани да слават и на двата и со тоа на пауза да заминат како лидери, како есенски прваци.

Имено Охрид утре игра со Г. Коњари а на 7 декември со Слога (В). Со две победи на крајот ќе заврши со 36 бодови, еден повеќе од Шкендија (А).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

03.12.2025 (13.коло)

Г. Коњари – Охрид

03.12.2025 (14.коло)

Тетекс – Кожуф

06.12.2025 (15.коло)

Кожуф – Вардар (Н)

Осогово – Новаци

07.12.2025 (15.коло)

Г. Коњари – Тетекс

Слога (В) – Охрид

12.12.2025 (15.коло)

Детонит – Скопје

ТАБЕЛА

Шкендија Арачиново (15) 35, Брегалница 33 (15), Беласица (15) 31, Охрид (13) 30….

ПретходноДезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)