Ракометарките на гости во Кавадарци

0

Женската ракометна сениорска репрезентација денеска имаше посета на општина Кавадарци и на првиот човек на овој град, господинот Митко Јанчев. Во пријатна атмосфера, на средбата беа разменети мислења од областа на ракометот, но и воопшто спортот, бидејќи е добро познато, дека поголемиот дел од спортските колективи во Кавадарци опстојуваат пред се благодарение на помошта на општината.

Градоначалникот Јанчев им посака на ракометарките добар пат, и одличен настап на претстојниот пријателски ракометен турнир кој што ќе се одржи во Анкара, Турција.

ПретходноФренки де Јонг отпадна за дуелот со Атлетико Мадрид