И дефинитивно Азер Омерагиќ се наметнува како еден од најдобрите напаѓачи сезонава во ПМФЛ. Тој е “ударната игла“ на Вардар, а дека знае и тоа како да постигнува голови се виде на последниот меч во градското дерби против Шкупи. Од шесте голови на лидерот, три беа дело на Азер. Затоа нема дилеми кој е играч на 15.коло.
Покрај него од Вардар во тимот на колото се и Тодоровски и Закариќ, потоа тука се Ислами, Дардишта и Таипи (Арсими), Фал, Шабани и Малески (Струга ТЛ), Мојсов и М. Стојанов (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
АЗЕР ОМЕРАГИЌ
Тим: Вардар
Роден: 14.07.2002 во Скопје
Кариера: Вардар, Хајдук, Борец, Шкупи, Скопје, Вардар















