Иако по вторпат едноподруго, секако апсолутно заслужен. Стратегот на Арсими, Вилдан Салиу според „СпортСпорт“ е тренер на колото. Да се победи Силекс среде Кратово со 1:3, по калливиот тренер, да се победи еден од најдобрите тимови во ПМФЛ, секако дека не е мала работа, напротив.
Салиу беше тренер на 14.коло поради победата над Шкендија со 3:0, еве сега е најдобар тренер и поради тоа што неговиот тим го победи Силекс на гости со 1:3. Значи на два меча неговиот тим им даде на овие две екипи, дури шест голови.
Секако дека во конкуренција беа и Христов (Тиквеш), Шкемби (Струга ТЛ) и Седлоски (Вардар), но Салиу е нашиот избор.















